Викендов Мелита Ракиќевиќ се забавуваше со една своја пријателка во познат скопски ноќен клуб.
Иако двете изгледаат прекрасно, сепак Мелита не се задоволува со ништо помалку од совршенство, па повторно се фати за својата омилена програма Фотошоп.
Иако не ѝ е првпат, секогаш е забавно да се гледа како Мелита освен козметичар за разубавување користи и цел информатички систем. Добро, можеби претеруваме, можеби е само еден фотошоп, но и тој во прекумерна доза може да наштети. Како и секогаш, Мелита го стиснала копчето кое го може она што не го може ниту една диета – истенчување, но ѝ се мднало малку, па ја истенчила и чашата. Па така, Мелита наместо од чаша шампањ пие од епрувета.
Мелита е секогаш добредојдена да нè насмее и да нè разоноди, зарем не?!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.