Среде пространото затворено подрачје во северна Украина изградена е најголемата подвижна копнена структура на светот која ќе треба во наредните сто години да го запре ширењето на смртоносната радијација од местото на нуклеарната катастрофа во Чернобил.
Неуспешниот текст во советската нуклеарна електрана на 26 април 1986 година испушти облаци од нуклеарни честички над Европа, предизвика евакуација на 50 илјади луѓе, а затруени беа небројано многу работници кои работеле на санација на последиците од катастрофата.
„Новата заштита обвивка“, како што ѝ е официјалното име, тешка е 30 илјади тони, а годинава полека ќе биде ставена над местото на катастрофата за со својата челична конструкција да го запре ширењето на радијацијата и да обезбеди остатокот од реакторите да се расклопат на безбеден начин.
– Веќе поминавме многу ризични фази. Секогаш постои страв, луѓе сме, но технички веќе ништо не може да претставува проблем, вели за Ројтерс Винс Новак, директор за нуклеарна безбедност во Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
БРД управува со финансиската конструкција на лакот кој ќе чини околу 1,5 милијарди евра. Пари донирале повеќе од 40 влади. И покрај новата структура, поголем дел од подрачјето околу Чернобил, околу 2600 квадратни километри, или територија колку Луксембург, ќе остане завторено за живеење и за неовластени посетители.
Природата набрзо ја запоседнала напуштената инфраструктура, а зад рѓосаните покриви на станбените згради во Припјат, гадот на духови изграден за работниците во нуклеарката, растат дрвја. Расфрлени чевли и оставени семејни фотографии кои се уште виста на ѕидовите во спалните соби зборуваат за брзината со која бил евакуиран градот.
Во пресрет на 30-годишнината од несреќата официјалниот број умрени е се уште 31 иако ако се земе предвид дека со години луѓе умираат од последиците од зрачењето, тој би изнесувал многу повеќе.
Украинците кои учествуваа во чистењето на нуклеарната, таканаречени ликвидатори, во средината на март протестираа во центарот на Киев и бараа владата да ги признае нивните жртви и да добијат поголеми бенефиции.
– Пред 30 години, кога бевме млади, го спасувавме светот од нуклеарна експлозија, а сега веќе никому не сме му потребни. Апсолутно никому, вели една поранешна ликвидаторка, Лидија Керенцјева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)