| четврток, 6 декември 2018 |

„Танц-фест“ вечерва се отвора со „Стапнувајќи на земја“

Единствена современа танцова компанија во Македонија – Скопје танцов театар со премиерата ќе одбележи пет години постоење. „Стапнувајќи на земја“ има три различни кореографии: „Кој и да е“ на Андријана Андреева, „Најди некој…“ на Матеа Киселичка и „Тишината на пчелите“ во кореографија на Џоан ван дер Маст од Холандија, на музика на Сара Замбони, италијанска авторка која компонираше нова музика за ова дело

Со премиера на танцовата претстава „Стапнувајќи на земја“ на Скопје танцов театар, вечер во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде отворен годинашниот „Танц фест 2016“. Фестивалот ќе трае до 29 април – Светскиот ден на танцот. Годинашниот „Танц-фест“ освен во Скопје,  ќе се одржува и во Велес и Битола.

Единствена современа танцова компанија во Македонија – Скопје танцов театар со премиерата ќе одбележи пет години постоење. „Стапнувајќи на земја“ има три различни кореографии: „Кој и да е“ на Андријана Андреева, „Најди некој…“ на Матеа Киселичка и „Тишината на пчелите“ во кореографија на Џоан ван дер Маст од Холандија, на музика на Сара Замбони, италијанска авторка која компонираше нова музика за ова дело.

tanc-fest1

По вечерашната премиера во Скопје, претставата ќе биде изведена и на 9 април во Народниот театар во Велес и на 25 април во Народниот театар во Битола. Покрај оваа, Скопје танцов театар во рамки на „Танц фест 2016“ ќе има уште една премиера – „Волшебен свет“. На 15 април ќе биде изведена во Скопје, на 21 април во Велес, а на 25 април во Битола.

На свеченото отворање вечер во МНТ ќе биде доделена и наградата „Менада“ за врвни остварувања во областа на танцот. Годинашен добитник на признанието е уметникот Милко Шпаремблек кој, меѓу другото, бил и директор и на Метрополитен балетот во Њујорк.

„Танц фест“ најави најобемна фестивалска програма досега, во која публиката ќе има можност да проследи и гостувања на познати танцови компании од Измир, Рига, Париз и Пекинг.

Оваа година мотото на фестивалот е „Да танцувме“, „Биди различен“ во чест на Дејвид Боуви. – Тој е првата голема музичка ѕвезда која во 1988 година го претстави современиот танц на сцена танцувајќи заедно со современата танцова компанија од Њујорk – Хјуман степс Ла Ла Ла, соопшти „Танц фест“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top