| четврток, 6 декември 2018 |

Тревога во Варшава: Eвакуирани двата аеродрома, полицијата бара поставени бомби

На главниот меѓународен аеродром во Варшава полицијата и граничната стража синоќа ги евакуирале двата терминала поради дојава за подметната бомба, јавува „Спутник“, повикувајќи се на полски медиуми.

Претходно, поради истата дојава, еден час бил затворен споредниот варшавски аеродром Модлин, меѓутоа, таа тревога се покажа лажна.

1336658

– Добивме информации врз основа на кои е евакуирана зградата. Граничната стража ја проверува дојавата – соопштуваат од аеродромот „Фредерик Шопен“ во Варшава, јавува полската телевизија „Полсат“.

Пиротехничари провериле еден терминал на аеродромот во Варшава и ги пуштиле патниците да го напуштат аеродромот, а во тек е проверувањето на другиот терминал.

Претходно, околу 18 часот, вработените на споредниот аеродром добиле предупредување дека ќе експлодира подметната бомба. Зградата била веднаш евакуирана, а аеродромот бил затворен еден час.

Сепак, тревогата била лажна, па не морало да се пренасочуваат летови.

Двата аеродрома ги добиле заканите речиси истовремено.

Аеродромот во Модлин беше евакуиран и на крајот на март, поради шега на пијани млади Полјаци, кои додека славеле роденден, се јавиле од мобилен да пријават подметната бомба. Полицијата многу брзо го лоцирала повикот, а кога пристигнала на адресата имала што да види – 20 пијани млади.

На еден од нив, оној од чиј телефон било ѕвонето, 28-годишен Полјак од околината на Варшава, му се закануваат 8 години затвор. И не само тоа, аеродромот и превозниците чии летови биле презакажани или пренасочени, се закануваат дека ќе бараат отштета, која може да достигне и неколку десетици илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top