Кој вели дека соништата не се остваруваат?Најиспиративен пример дека се може да се постигне во животот покажува примерот на Најат Беклацем која од мароканско овчарче стигна до позицијата на француска министерка. Најат има 36 години и е прва жена и најмлада личност некогаш избрана за француска министерка.
Пред министерската функција била една од портпаролите на Сеголен Ројал во претседателската кампања во 2007 и 2009 година, а потоа и самата била кандидат на француската Социјалистичка партија на изборите во 2011 година. Во 2012 година добила место во кабинетот на претседателот Франсоа Оланд, како министерка за женски права и портпаролка на владата.
Инаку Најат е родена како второ од седумте деца во семејството на 4 откмври 1977 година во Мароко. Нејзините предци се од шпанско, одосно алжирско потекло. Нејзиното семејство имало скромни услови за живот, па неретко таа за да заработи за живот, чувала овци. Во 1982 година се придружила на својот татко, градежен работник, мајка и сестра во Амјен во Париз.
Живееле во предградие додека не дипломирала на политички науки на парискиот универзитет 2002 година, а потоа почнува нејзиниот пат до успехот преку политиката, за денеска да биде француска министерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.