| четврток, 6 декември 2018 |

Украле ЛЦД телевизор од штаб на СДСМ

Деновиве, во општинската организација на опозицискиот СДСМ, во Карпош, била извршена кражба, при што бил украден телевизор.

krazba vizbegovo

Имено, во периодот од 16.30 часот на 01.04.2016 година до 12 часот на 04.04.2016 година во Скопје на ул. „Варшавска“ во простории на Општинска организација СДСМ – Карпош, непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот насилно отворил еден од прозорците, влегол и одзел ЛЦД -телевизор, а потоа го напуштил местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top