| четврток, 6 декември 2018 |

Севекорот на убиената Јелена: ако мојот син е убиец ќе се откажам од него

Зоран Марјановиќ, сопругот на убиената пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33), која е пронајдена мртва во неделата во канал на насипот во Борча, сѐ уште е во полиција. Иако Зоран во понеделник по вторпат го помина полиграфот, задржан е во полиција.

zoran

На Зоран денес попладне му истекнуваат 48 часа полициско задржување, по што или ќе биде пуштен или притворот ќе му биде продолжен до 30 дена.

jelena-krsmanovic-marjanovic-zoran-marjanovic-ubistvo-crvenka-borca-nasip-zoranov-otac-foto-Andrej-Nihil-7

Таткото на Зоран, Владимир Марјановиќ, се наоѓа пред зградата на српското МВР каде чека да поминат 48 часа од  притворот на неговиот син.

-Ако мојот син е убиец јас ќе се откажам од него. Тоје голем верник, а верниците не убиваат. Мислам дека вистинскиот убиец ја чекал Јелена скриен во некој џбун – изјавил Владимир за медиумите.

Тој додава и дека Јелена и Зоран не се карале.

-Добро се сложуваа, а и да дојдеше до некоја расправија, тоа беше околу храната. Тој се грижеше за неа и ја чуваше како капка вода. Зоран ѝ пишуваше песни, постојано ѝ зборуваше дека треба попровокатвно да се облекува. Тие беа неразделни – изјавил Владимир со плачлив глас.

Таткото на Зоран изјавил и дека погребот на Јелена ќе се одржи во четврток.

zoran 2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top