„Инстаграм“, кој е познат по својот ригорозен софтвер кој детектира сѐ што е недолично и веднаш ги отстранува спорните фотографии, забрани објавување на снимка на торта.
Имено, извесна Фиона Мосели на „Твитер“ објави дека „Инстаграм“ ја отстранил фотографијата на тортата што ја поставила нејзината мајка. Причина? „Инстаграм“ мисли дека на фотографијата има женски гради.
Оваа социјална мрежа има автоматски софтвер кој ги отстранува сите фотографии каде што ќе препознае брадавици од гради, а украсите од марципани на тортата очигледно го „вклучиле алармот“.
За да биде работата побизарна, станува збор за велигденска декорација која симболички го претставува Исус и неговите апостоли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.