| четврток, 6 декември 2018 |

Малку поинаква сарма

Пробајте на вашите домашни да им подготвите малку поинаков вид на сарма …

Потребно е:
1 кг мелено месо
1 голема главица кисела зелка
200 гр ориз
1 главица кромид
100-150 гр ситно сецкана чадена сланина
мелена црвена пиперка
сол, бибер

Подготовка:
– Во сад на рингла на малку масло пропржете го ситно сецканиот кромид. Додадете го оризот и уште кратко пропржете.

– Додадете сол и бибер по вкус и додадете два пати повеќе вода од колку што имате ориз. Поклопете го садот, смалете ја температурата и после 5 минути варење исклучете ја ринглата и оставете го садот поклопен додека оризот да ја впие целата течност.

– Ставете го меленото месо заедно со сецканата сланина ставете ги во една подлабока чинија. Додадете сол, бибер и мелена црвена пиперка. Додадете го и сварениот ориз. Убаво измешајте.

– Главицата зелка поделете ја на листови и по потреба измијте ги ако се многу солени или кисели.

– Калапот за куглоф намастете го со масло или свинска маст.

– Во намастениот калап распоредете ги листовите зелка така да малку се преклопуваат, а краевите излегуваат надвор од калапот.

– На листовите зелка распоредете го месото и израмнете го. Листовите зелка сто висеа надвор од калапот прекријте ги над месото. Целиот калап покријте го со алуминиумска фолија.

– Калапот ставете го во тава наполнета со 2 см вода и заедно ставете ги во загреана рерна на 220 целзиусови степени. Намалете ја температурата на 200 степени и печете околу 1,5 час. по потреба додадете вода во тавата.

– Тргнете ја фолијата од калапот и допечете ја куглоф-сармата уште 30-тина минути за да се запече и да добие убава боја.

– Печената сарма оставете ја малку да се излади и превртете ја на чинија.

– Ако сакате можете да ја превртите во огноотпорен сад и да ја ставите уште кратко во рерна за да се запече и долната страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top