Со години пред тоа Русија ја пљачкаа кој ќе стигне – чиновници, функционери, а најмногу тајкуните. Од тие години тајкуните станаа заштитен знак на Русија. Тие одлучуваа за се – ја водеа Русија и од неа го земаа сето богатство.
Од доаѓањето на Путин на власт, работите во Русија почнаа драстично да се менуваат. Русија почна да закрепнува и да се зајакнува на сите полиња, а пред се економски. Тој ги спушто на земја руските тајкуни и им покажа како еден премиер или претседател треба да разговара со нив. Им го оневозможи понатамошното неконтролирано збогатување, а нивното богатство го употреби за закрепнување на Русија и рускиот народ.
Еден од најпознатите тајкуни, Олег Дерипаска, и уште неколкумина купиле фабрика за симболична цена. Целта им била да ја згаснат за да излечат корист од тоа.
Работниците му пишале на Путин, го замолиле да им помогне, а овој свикал состанок со работниците, но и со новите сопственици.
Бесен, го започнал состанокот со зборовите: „Зошто ова не сте го решиле досега? Се разбегавте како бубашваби кога слушнавте дека идам!“
Пред сите буквално го натера Олег Дерипаска да отпише договор со кој фабриката почнува со работа онака како што предвидела владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)