Како што пренесуваат медиумите, Јелена Крсмановиќ пред да исчезне и пред да биде убиена ги вратила своите долгови.
Јелена дошла во аптека во близина на куќата во која живеела во Борча и го платила долгот од 1.200 динари. Дали и на кој начин ова може да се поврзе со настаните што следувале, никој неможе да знае.
-Таа и нејзиното семејство ни се редовни муштерии. Тој ден бараше некои медицински средства за нејзината мајка. Ѝ кажав: „Земи го целото пакување, повеќе ти се исплати“. Таа тогаш ми одговори: „Не ми треба, и така уште долго нема да бидам тука“, кажал работник во аптеката, кој, како што навел, бил збунет од овие нејзини зборови, но не им давал значење сѐ додека не слушнал што се случило.
Тој напомнува дека Јелена тој ден го платила долгот од 1.200 динари.
-Понекогаш земаше нешто на вересија. Таа и сопругот секогаш оставаа дел од парите, барем 500 динари, а потоа подоцна го плаќаа долгот – кажал аптекарот.
Додава и дека вчера во аптеката дошле членови на нејзиното семејство за да го платат долгот за кој не знаеле дека таа самата го регулирала.
-Беа изненадени кога слушнаа дека долгот веќе е платен – кажал аптекарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка