Европа најавува нови преговори меѓу Србија и Приштина со Кетрин Ештон, овој пат за спроведување на потпишаниот договор за нормализација на односите, јавува агенцијата „Танјуг“ од Брисел.
– Минатата рунда разговори меѓу Ивица Дачиќ и Хашим Тачи не беше последна – пренесува агенцијата изјава на бриселски дипломат, како вели, добро упатен во досегашниот тек на дијалогот.
Тој објасни дека во Брисел се свесни оти прашањето за примена на договорот е премногу комплицирано за да може да се реши исклучително на ниво на работни групи и поради тоа ќе биде неопходно дијалогот да продолжи на високо политичко ниво.
Ештон синоќа по состанокот на Министерскиот совет на ЕУ во Луксембург, за време на кој ЕК препорача на Србија да ѝ се додели датум за преговори, индиректно ја потврди ваквата информација нагласувајќи дека и натаму им стои на располагање на учесниците во разговорите.
– Им понудив да учествувам не само во примена на договорот, туку и во развој на идните односи – истакна Ештон на прес-конференција.
Високиот дипломат изјави дека сѐ уште е рано да се зборува кога ќе се одржи првата рунда од дијалогот за имплементација во Брисел бидејќи договорот прво треба да биде потврден во белградските и во приштинските институции, по што се очекуваат повеќе состаноци на експертско ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба