Млад бразилски пар, поведен од желбата за авантура, се „сокрил“ на врвот од рид кој го користат параглајдеристи. Нивната секс акција била снимена од камерата што параглајдеристи ја поставиле на столб на ридот за постојано да имаат увид во условите за спортување.
Сепак, наместо состојба на теренот, имало што да се види. Момче и девојка, седнале на ридот на мал пикник. За кратко време дошле до израз нивните страсти, па со помисла дека се далеку од цивилизација и дека никој не може да ги види, бргу се соблекле и почнале со страстениот секс.
Ниту на крај памет не им било дека нивната авантура се емитува во живо преку камерата на ридот. Снимката била споделена и на социјалните мрежи, па нивната страст стана интернет-сензација. Откако видеото станало вирално, се активирала и полицијата. Бил испратен полициски тим кој ги прекинал љубовниците во нивната акција.
Како што јавија бразилски медиуми, момчето било на возраст од 21 година, а девојката имала само 15 години. Во Бразил е дозволен секс по 14 години, но сепак, бидејќи се работи за малолетничка, биле известени нејзините родители. Момчето и девојката подолго време биле во врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)