| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругот се уште во полиција: Свекорот на убиената Јелена го брани синот, стрината на ѕвездата на Гранд се сомнева во неговата изјава

Владимир Марјановиќ, свекорот на убиената пејачка за Пинк.рс обелодени како течело неговото испрашување во полицијата.

Screenshot_1

И додека Зоран Марјановиќ, сопругот на убиената пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ е сѐ уште во полиција на испрашување, неговиот татко Владимир Марјановиќ беше испрашуван во текот на вчерашниот ден.

Семејството Марјановиќ го повикале семејниот адвокат, но според зборовите на Владимир, тој имал операција и затоа ќе мора да ангажираат друг. Тој открил и кои прашања му ги поставувале претставниците на Министерство за внатрешни работи на Србија.

23

-Тоа беа формални прашања. Каде бев, во колку часот, обични прашања. Погребот ќе биде кога ќе се заврши обдукцијата, тогаш ќе можеме сѐ да закажеме- изјавил свекорот на брутално убиената пејачка.

Владимир изјавил и дека неговиот син повторно го поминал полиграфот и дека смета дека тој не е виновен.

456

-Полицијата спроведува детална истрага и вели дека мојот син не е виновен. Повторно го помина полиграфот, но не ми дадоа да го видам. Внуката не ја видов, но ангажирав адвокат и ќе барам Јана да остане кај нас. Претерано е да се вплеткуваат социјални служби во сето ова, но ќе ја почитуваме процедурата – изјавил Марјановиќ.

Во куќата на мајката на Јелена која е тешко болна, престојуваат нејзините две тетки и стрината Гоца, која на изненадување на многумина изјавила дека за неа е многу сомнително што Зоран го пријавил исчезнувањето на својата сопруга дури по четири часа.

789

Откако припадниците на српското МВР пронашле траги кои останале под ноктите на трагично настраданата Јелена Крсмановиќ Марјановиќ утре наутро се очекува решение на истрагата.

Форензичарите го споредуваат пронајденото ДНК со базата на податоците и со потенцијално осомничените личности. Резултатите на анализата се очекуваат утре наутро, објавија медиумите.

Зоран Марјановиќ, сопругот на убиената пејачка Јелена Крсмановиќ, сѐ уште е во притвор наспроти тоа што по вторпат го поминал полиграфот. Како што пренесуваат медиумите, тој бил задржан во полиција поради тоа што во неколку наврати за време на истрагата давал контрадикторни изјави, како и изјави кои не се согласни со изјавите на сведоците.

Beograd 02.04.2016. U naselju Crvenka nestala pevacica Jelena Krsmanovic, muz Zoran Krsmanovic, desno, Ras foto RAjko Ristic

Еден од примерите кои го обелоденија медиумите: Марјановиќ изјавил дека дел од патот до куќата го поминал пеш, додека другите сведоци изјавиле дека на тој дел го виделе во автомобил. За да се утврдат сите детали како се случил овој злостор, тој е задржан во притвор.

jelena-krsmanovic-620x350-620x330

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top