| четврток, 6 декември 2018 |

Секретарот на ДИК го запира прочистувањето на избирачкиот список, сопругата држи партиски прес-конференции

ljubica

Сопруга на генералниот секретар на ДИК Добре Јанчев, Љубица Јанчева, на партиска прес-конференција ги презентираше ставовите на СДСМ дека на Аеродром му требале промени, но само на слободни фер и демократски избори.

Ваквите ставови јавноста ги коментира како апсурдни, бидејќи токму нејзиниот сопруг е одговорен за фер и демократски избори, а Добре Јанчев како генерален секретар беше обвинет дека ја запира проверката на податоците кои му биле дадени и не ни отпочнал да ја врши задачата кој од членовите на ДИК му била наложена уште на 19 март годинава – пишува „Курир“.

Според информациите што беа објавени деновиве, Јанчев требало да провери над 5000 записи. Оваа операција што може да се заврши за ден или два , генералниот секретар на ДИК ја немаше почнато до викендов.

jancevi-na-protest-sdsm-640x253

„Митингаш и класичен партиски војник“, се двете најчести квалификации кои ни ги дадоа голем број на членови и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, како опис на новоизбраниот генералниот секретар  на Државната изборна комисија Добре Јанчев, пишуваа медиумите.

Во однос на професионалната кариера или какви било посериозни достигнувања Јанчев е прилично непознат. Дури и во партиската структура на СДСМ, новоизбраниот генерален секретар е во сенка на неговата сопруга, која е координатор на советничката група во општина Аеродром.

koja-e-ljubica-janceva-640x479

Истата фигурира и како координатор на Форумот на жени на СДСМ за првата изборна единица.

koja-e-janceva-ljubica-640x353

Во своите јавни настапи сопругата на новиот генерален секретар на ДИК не пропушта можност со жестоки навреди да го дискредитира ВМРО-ДПМНЕ.

– Не постои сила, закана или уцена да не натера да размислуваме како ВМРО-ДПМНЕ, само заради тоа што во моментов се на власт, истакна Љубица Јанчева во своето обраќање на партиска говорница на СДСМ.

Досега нејзиниот сопруг, секаде ја придружуваше на митинзите на СДСМ. Двајцата беа и меѓу камперите кои пред Владата ги исполнуваа инструкциите на Зоран Заев.
jancevi-protest-sdsm-640x229

Новиот генерален секретар на ДИК е член на групата на „Фејсбук“ „СДСМ тргнува во конечна победа“, а со сопругата се меѓу позабележаните на фотографиите од протестите на таканаречените „Граѓани за Македонија“.

Негови пријатели на „Фејсбук“ се и Фросина Ременски и другите функционери на СДСМ.

Законот вели „Генералниот секретар ја врши својата работа професионално“.

facebook-na-jancev-640x385

Според сите сознанија до кои дојдовме, професионализмот на новиот генерален секретар е во голема мера запоставен за сметка на партискиот активизам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top