| четврток, 6 декември 2018 |

Чилеанците веќе пристигнаа во Гдањск, ќе имаат повеќе време за аклиматизација

chile reprezentacija

Репрезентацијата на Чиле, која е еден од протривниците на Македонија на претстојните олимписки квалификации во Гдањск, прва допатува во Полска. Чилеанците кои од клупата ги предводи шпанскиот тренер Матео Гаралда, за настапот на квалификацискиот турнир во наредните неколку дена ќе се подготвуваат во Плоцк.

За олимписките квалификации во Гдањск, селекторот Гаралда на располагање има 16 ракометари. Поради повреда во составот го нема капитенот Марко Онето. Пикерот на Висла Плоцк неодамна имаше операција на коленото и ќе ги пропушти олимписките квалификации. Во составот на Чиле се вратија четворица репрезентативци кои не беа во составот со претходниот селектор тројцата браќа Фухман Ервин, Емил и Харалд) и левиот бек, Виктор Доносо.

Репрезентацијата на Чиле ќе биде последниот противник на Македонија на олимпискиот квалификациски турнир во Гдањск, на 10 април. Разврската најверојатно ќе биде позната веќе по првите два натпревари, против Послка (8 април) и Тунис (9 април). Пласман на ОИ во Рио обезбедуваат првите две репрезентации во групата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top