Капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на европскиот првак Барселона, Кирил Лазаров, го најавува својот втор ракометен камп кој и оваа година ќе се одржи во спортскиот комплекс пред хотелот „Аквалина“ на самиот брег на Охридско езеро.
Со таа цел на ден 05.04.2016 година (вторник), со почеток во 13 часот ќе се одржи прес-конференција во Скопје Сити Мол, на вториот кат во непосредна близина на Синеплекс.
На пресот, г. Кирил Лазаров и преставниците на КМГ Спорт, агенција која логистички стои зад овој проект, ќе информираат за текот на подготовките на кампот, но и ќе најават неколку соработки поврани со истиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.