| четврток, 6 декември 2018 |

Со туркање на мотоциклот до целта стигна до првите бодови во кариерата

adam norodin

Младиот малезиски мотоциклист Адам Нородин беше на пат за историски пласман во својата куса кариера, но при борба за првото место загуби контрола над својот мотоцикл на последниот свијок на патеката.
Дебитираше во Мото3 на само 17 години, а на вчерашното Гран-при во Аргентина ги инспирираше мотоциклистите од сите категории во мотоциклизмот.

Падот на неколку метри пред финишот не го спречи Малезиецот да ја заврши трката во зоната за бодови. Додека другите возачи поминуваа покрај него, Нородин го истурка својот мотоцикл и ги освои првите бодови во кариерата завршувајќи ја трката на 11. место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top