Зоран Марјановиќ, сопругот на брутално убиената пејачка на продукцијата Гранд, Јелена Крсмановиќ, сѐ уште се наоѓа на испрашување во полиција.

Според неофицијалните информации што ги пренесоа медиумите, полицијата од утрово повторно го испрашува Марјановиќ. Причина за тоа би можеле да бидат некои кондрадикторности, но и состојбата на самиот Марјановиќ, кој не бил целосно способен да одоговара на парашања, со оглед дека вчера, на денот кога беше однесен на испрашување е пронајдено и телото на неговата сопруга.
Потсетуваме, Зоран Марјановиќ, сопругот на убиената пејачка Јелена Марјановиќ, која е пронајдена мртва во неделата попладне, го поминал полиграфското испрашување во полиција, но вчера вечер, и по повеќе часовно испрашување бил задржан во полицијата. Неговиот татко и свекор на починатата пејачка, Владимир Марјановиќ, бил пуштен од полиција вчера вчер и заминал дома околу 22 часот.

Владимир Марјановиќ изјавил дека во ниту еден момент не се посомневал во невиноста на неговиот син како и дека се надева како тој наскоро ќе биде пуштен од притвор.
-Зоран не можеше да ја убие Јелена, таа беше секоја пора во неговиот живот. Се надевам дека мојот син не е единствениот осомничен за ова убиство. Зоран е приведен во полиција во најтешкиот момент во животот – изјавил Владимир за медиумите.

Исто така, некои од членовите на семејството Марјановиќ вчера во текот на денот биле полиграфски тестирани. Тоа, меѓутоа не значи дека кој било од нив е осомничен за убиството на Јелена, ниту, пак, дека против кого било се води полициска истрага, туку дека станува збор за вообичаена процедура во вакви слуачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка


