| четврток, 6 декември 2018 |

МОБ подготвува мјузикл во чест на Тоше Проески

Македонската опера и балет и фондацијата „Тоше Проески“ во изминатиот период интензивно соработуваа со идеја за создавање на мјузикл во чест на Тоше Проески. Мјузиклот ќе биде направен врз оригинално сценарио чиј автор е реномираниот текстописец и драматург Огнен Неделковски, кој е и автор на голем дел на текстовите во песните на Тоше Проески, а музичкиот дел ќе го обликува авторски тим од реномирани композитори кои ќе ги преработат најпознатите музички теми испеани од Тоше Проески.

-Мјузиклот ќе биде поставен во почетокот на наредната година, година во која ќе се одбележат 10 години од прераната смрт на македонската музичка икона Тоше, вели директорот на Македонската опера и балет, Игор Дурловски.

-Бидејќи Тоше беше подеднакво извонреден оперски пејач, сметаме дека токму со жанрот на мјузиклот ќе успееме од една страна да ги обединеме сите креативни квалитети кои ги поседуваше како уметник, а во соодветна уметничка форма да се презентира до широката јавност и сите почитувачи на неговиот лик и дело, од друга страна, потенцира Дурловски.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top