Голден стејт вориорс направи уште еден чекор напред кон историскиот рекорд на Чикаго булс, забележувајќи ја својата 69. победа сезонава. Портланд настрада во „Оракл арената“ со 136-111. Кари и другарите повторно го презентираа своето најсилно оружје, шутот за три поени, погодувајќи 18 удари од 30 обиди.
Кари заврши сок 39 поени погодувајќи девет тројки од 13 шута, Дрејмонд Грин оствари трипл-дабл со 22 поени, десет скока и десет асистенции, а и Клеј Томпсон не заостана многу постигнувајќи 21 поен. Освен тоа, Голден Стејт стана првиот тим во историјата на НБА лигата кој ја пробил границата од 1.000 тројки во една сезона. Сега, шампионот е на биланс 69-8 и во последните пет натпревари му се потребни четири победи за да го собори рекордот на Чикаго Булс кој изнесува 72-10.
Во тимот на Портланд убедливо најдобар поединец беше Демјан Лилард со 38 постигнати поени.
На десетина дена пред крајот на својата кариера, Коби Брајант го одигра најдобриот и најефикасен натпревар во сезоната. Против еден од своите најголеми ривали – Бостон Селтикс, Коби постигна 34 поени и само потсети зашто беше сметан за еден од најдобрите играчи не само во својата генерација, туку и на сите времиња. За жал, Лејкерс загубија со 100-107 во неговиот последен меч против најтрофејниот тим во НБА. Ајзеа Томас со 26 и Краудер со 20 поени ги носеа Селтикс до победата.
Блејк Грифин по повеќемесечна пауза се врати во редовите на ЛА клиперс, помагајќи му на својот тим да го совлада Вашингтон со 114-109. Грифин имаше скромен ефект од 6 поени, 5 скока и 4 асистенции, а главна фигура во редовите на клиперси беше Крис Пол, зад чие име останаа запишани 27 поени и 12 асистенции.
НБА резултати:
Кливленд – Шарлот 112-103, Бруклин – Орландо 87-106, Хјустон – Оклахома сити 118-110, Минесота – Далас 78-88, ЛА клиперс – Вашингтон 114-109, Орландо – Мемфис 119-107, Феникс – Јута 86-101, Милвоки – Чикаго 98-102, Њујорк – Индијана 87-92, Голден стејт – Портланд 136-111, ЛА лејкерс – Бостон 100-107.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)