| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена крвава бегала од убиецот: Пејачката се борела до смрт

Јелена Марјановиќ му пружила жесток отпор на напаѓачот кој крвнички ја удирал, за на крајот да ја среди со тап предмет и телото да го фрли во канал и да избега

Jelena pejacka

Телото на несреќната пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ од Борча, која исчезна во саботата, беше пронајдено вчера околу 13 часот во канал под насипот во населбата Црвенка во Борча. Пејачката на Гранд била убиена со тап предмет, најверојатно чекан. Беше пронајдена на два километри од местото каде што била последен пат видена.

Курир.рс дознава дека се борела со напаѓачот, сета крвава бегала од него, но тој ја стигнал и ѝ нанел смртоносни повреди, ја фрлил во каналот и избегал.

Сопругот на Јелена, Зоран, неколку часа беше испитуван во полиција, која сè уште трага по напаѓачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top