| четврток, 6 декември 2018 |

Тргна првиот брод со бегалци од Грција за Турција

begalci grcija turcija

Првиот турски брод со неколку десетици бегалци утрово тргнал од грчкиот остров Лезбос кон Турција во согласност со договорот меѓу ЕУ и Турција за решавање на мигрантската криза.

Во текот на претпладнето од Лезбос треба да тргне уште еден поголем турски брод со неколку стотини бегалци. Два други турски брода чекаат да тргнат од Хиос.

Групата која утрово тргна од Лезбос е прва што ќе биде вратена во Турција од стапувањето во сила на договорот. Европската агенција за контрола на надворешни граници Фронтекс обезбедува пловила за транспорт на мигранти.

Според планот, прво треба да бидат вратени мигрантите од грчките острови Лезбос и Хиос  кои пристигнале по потпишувањето на договорот, затоа што ги има најмногу. Се проценува дека ги има околу 4.000.

Со договорот е предвидено Грција под одредени услови да може да ги врати во Турција сите мигранти и баратели на азил кои стигнале на нејзина територија по 20 март.
Во Грција има повеќе од 52.000 бегалци блокирани по затворањето на балканската бегалска маршрута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top