Талент каков што ретко се гледа, небрусен дијамант – така зборуваа за Љубица Аџовиќ. Нејзината глума во филмовите на Емир Кустурица „Дом за бесење“ и „Црна мачка бел мачор“ беше впечатлива, а дена не беше само миленичка на ревионов зоборува и фактот дека ја беше фрлила на колена и канската елита.
Родена во Скопје 1924 година, беше гатачка која на тој начин заработуваше за живот на плажата во Сутоморе. Не знаеше да чита, да пишува, живееше во едно место во близина на Сутоморе, каде што и ја пронашол Кустурица. Со години се зборуваше дека дознал за неа од весници и штом ја видел, знаел дека е родена глумица.
Но, Љубица тоа никогаш не го кажала за себе, само ќе одмавнеше со раката и ќе речеше: „Абе, каква глума, јас сум она што сум била – Циганка и баба“.
Покрај Давор Дујмовиќ, кој беше централна фигура играјќи ја улогата на Перхан, во филмот „Дом за бесење“ од 1988 година и баба Хатиџе беше подеднакво влијателна, толку многу што го одведе во Кан.
Десет години по дебито во „Дом за бесење“ Љубица се враќа на сцената со улогата на баба Сујка во уште еден филм на Кустурица, „Црна мачка, бел мачор“ од 1998 година.
По двата големи успеси, сепак, решава да му се врати на занаетот гледање на карти на сутоморските плажи.
Некое време се зборуваше дека во 2001 година избегала Франција, дека таму барала азил, криејќи се од мафијата која, како што тврдеше Љубица, ѝ барала пари и ѝ се заканувала дека ќе ја убие.
Француските медиуми тогаш објавија дека од Црна Гора заминала за Албанија, па со брод од Валона за Бриндизи, па со камион до Лион.
Една година пред смртта се враќа во родниот крај. Баба Љубица има вкупно 9 деца, но до смртта не ги преброила внуците и правнуците.
Неколку години по последното појавување во јавноста, односно непосредно пред смртта, Љубица повторно се наоѓа на насловните странци на сите весници – обвинета е дека учествувала во купување на новороденчиња. Таа вест ја крена цела Црна Гора на нозе, но на крајот се испостави дека дошло до грешка, зашто жената која имала намера да го направи злосторството имала исто име и презиме како гатачката.
Баба Љубица умира на 23 мај 2006 по кратко боледување.
Нејзината смрт погоди многу луѓе, а особено Кустурица, кој ќе рече: „Беше роден талент. Сум работел со професионалци и аматери, но таа беше посебна, уживав во секој момент додека работев со неа. Многу ми е жал што не е веќе со нас“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)