| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругот на Јелена го поминал полиграфот, но бил под седативи што можело да му ги забави реакциите

Според најновите сознанија до кои дошол порталот Информер сопругот на убиената пејачка на Гранд Јелена Марјановиќ Крсмановиќ, Зоран го поминал полиграфот  меѓутоа полицијата утврдила дека бил под седативи (лекови за смирување) што можело да му ги „забави“реакциите.

jelena1_0

Според зборовите на извор близок до полицијата Зоран на полиграфското испрашување бил повикан како граѓанин по што бил пуштен дома.

-Сопругот на Јелена засега не е осомничен. Полицијата моментално испитува што би можело да биде мотив на мистериозното убиство во Борча. Исто така, се сомневаат дека пејачката повеќе пати била удрена во главата со тап предмет, најприближно со чекан, кој полицијата се уште го бара на местото на злосторот – појаснил изворот.

Досегашните траги покажуваат дека жртвата давала отпор и дека се обидела да му избега на злосторникот.

Се очекува обдукциски наод во понеделник кој ќе покаже дали Јелена била силувана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top