| четврток, 6 декември 2018 |

Торино со пресврт славеше изненадувачка победа на „Џузепе Меаца“ (видео)

Екипата на Торино дојде во Милано, виде и победи. Интер која важеше за фаворит во овој дуел на домашен терен со наведнати глави го напушти „Џузепе Меаца“.

Торино по првото полувреме имаше негатива од 1-0, но со целосен пресврт и два гола во вториот дел заслужено стигна до трите бода.
Мауро Икарди во 17.минута го доведе Интер во водство со удар од белата точка, но неволјите за „нероаѕурите“ дојдоа во вториот дел.

Кристијан Молинаро во 55.минута го израмни резултатот, а само две минути подоцна Миранда беше исклучен. Во 72.минута и Нагатомо мораше да го напушти теренот поради исклучување, откако направи пенал во сопствениот шеснаесетник. Андреа Белоти беше успешен реализатор на пеналот, по кој Торино со двајца фудбалери повеќе на теренот рутински стигна до триумф.

По ова коло Интер остана на петтото место, но сега со осум бода заостанување зад Рома која се наоѓа на третата позиција на табелата во Серија А, место кое води во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top