
Момир Илиќ сосема заслужено се закити со ново индивидуално признание, па покрај МВП признанието за регуларниот дел од сезоната, левиот бек на Веспрем беше избран за најкорисен ракометар и на завршниот турнир во СЕХА. Илиќ постигна седум гола во финалето, и тоа за четириесетина минути бидејќи потоа поради повреда го напушти теренот.
Воедно, СЕХА го објави и дрим-тимот за овој олстар викенд. Во него имаше место за по двајца играчи на Веспрем, Вардар и ППД Загреб и еден на Мешков Брест. Вардарците кои се најдоа во идеалната седморка се десниот бек Алекс Дуjшебаев и средниот бек Лука Циндриќ.
ГОЛМАН: Иван Севановиќ (Загреб)
ЛЕВО КРИЛО: Кристијан Угалде (Веспрем)
ЛЕБ БЕК: Момир Илиќ (Веспрем)
СРЕДЕН БЕК: Лука Циндриќ (Вардар)
ДЕСЕН БЕК: Алекс Душебајев (Вардар)
ДЕСНО КРИЛО: Златко Хорват (Загреб)
ПИВОТ: Растко Стојковиќ (Мешков Брест)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


