Теренските проверки на сомнителните гласачи во сите подрачани одделенија на Државната изборна комисија (ДИК) се во завршна фаза, соопштија вечерва од ДИК. Оттаму додаваат дека во моментов Комисијата е фокусирана на внесување и обработка на податоците од анкетните прашалници во единствената електронска апликација.
„Државната изборна комисија информира дека теренските проверки на Избирачкиот список се спроведуваат во согласност со определената динамика. Над 550 анкетари во сите 80 општини на територијата на Република Македонија, почнувајќи од 28 март непрекинато работат во периодот од 8.30 до 19.00 часот. Теренските проверки во сите подрачни одделенија на Државната изборна комисија се во завршна фаза. Државната изборна комисија во моментов е фокусирана на внес и обработка на податоците од анкетните прашалници во единствената електронска апликација. Се прават напори сите податоци да бидат навреме внесени и соодветно обработени“, стои во соопштенито од ДИК.
Државната изборна комисија ги отфрла како невистинити иформациите за наводно намерно кочење на теренските проверки.
„Сите членови на Државната изборна комисија и нејзината стручна служба се целосно посветени теренските проверки навремено да бидат завршени“ велат од ДИК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот