| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК: До понеделник треба да се стигне уште кај 60 000 гласачи

Проверка на Избирачкиот список ќе заврши до понеделник, уверуваат до Државната изборна комисија. Оттаму велат дека теренската проверка оди во најдобар ред и дека ќе бидат запазени сите рокови. Од комисијата велат дека се незадоволни од барањето на Дирекцијата за заштита на личните податоци да се повлечат списоците со листата на гласачи.

dik-8

-Досега имаме 20.600 лица со пополнети прашалници. Во некои општини проверката е при крај, но во некои оди потешко. Најмногу работа имаме во Карпош и Куманово. Се надеваме дека до 3 април ќе успееме да провериме уште 60.000 гласачи  и поради тоа работиме со засилени тимови – за „Телеграф“ објаснува Љупа Гугучевска, советник во ДИК.

Според објавените податоци, спорни или незаконски гласачи во Избирачки список има над 89.000 кои се дел од теренската проверка  кампања наречена „Отворени врати“.

Откако ќе заврши теренската проверка, според роковникот, на 17 април Избирачкиот список треба да биде ставен на јавен увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top