| четврток, 6 декември 2018 |

„Римската волчица“ владее со Рим, продолжува агонијата на Милан (видео)

Рома дефинитивно владее со Рим сезонава откако „волчицата“ подобрите резултати од Лацио ги потврди и со триумфот во меѓусебниот дерби дуел, славејќи на „Олимпико“ со резултат 1-4. Избраниците на Лучијано Спалети излегоа максимално мотивирани на теренот и ја потврдија својата класа, поведувајќи со 1-0 уште во првото полувреме преку Ел Шарави. Овој фудбалер во 60. минута беше заменет со Един Џеко, а само четири минути подоцна Босанецот зголеми на 2-0, пласирајќи ја топката во празната мрежа по претходниот удар на Пероти што заврши во дирекот. Клосе намали на 1-2, но тоа беше се што Лацио успеа да стори на оваа средба бидејќи потоа Флоренци и Пероти само ја потврдија заслужената победа на „римската волчица“ на градското дерби.


Lazio 1-4 AS Roma All Goals and Full Highlights… by sporttvks

Милан повторно „киксна“ на гостински терен, овојпат во Бергамо против Аталанта. Избраниците на Михајловиќ дури и први поведоа со пеналот на Луиз Адријано, но потоа примија два гола, па со денешниот пораз останаа „закопани“ на шестото место на табелата.


Atalanta 2-1 AC Milan All Goals and Full… by sporttvks

Горан Пандев поради повреда излезе од игра во 20. минута од натпреварот меѓу Џенова и Фроsиноне, што неговиот тим го доби со 4-0. Младиот Шпанец Сусо беше херој на Џенова со хет-трик, а еднаш меѓу стрелците се запиша Ригони. Александар Трајковски беше стартер за Палермо на гостувањето против Киево, на кое сицилијанскиот клуб претрпе пораз од 3-1, натпревар на кој македонскиот репрезентативец беше заменет во 76. минута.

Резултати Серија А:

Удинезе – Наполи 3-1, Аталанта – Милан 2-1, Џенова – Фросиноне 4-0, Киево – Палермо 3-1, Лацио – Рома 1-4.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top