| четврток, 6 декември 2018 |

Минимална но заслужена победа, „Лисиците“ на чекор поблиску до титулата (видео)

Екипата на Лестер продолжи да победува во Премиерлигата и поради киксот на Тотнем сега е на седум бодови предност на врвот во англиската елита, со што шансите за титулата се сѐ поголеми на шест кола до крајот на Премиер лигата. „Лисиците“ во последните шест кола забележаа пет победи, сите пет со идентични 1-0.

Овојпат улогата на херој му припадна на капитенот Вес Морган, централен дефанзивец кој сезонава беше без постигнат гол, но токму попладнево се најде на вистинско место во вистинско време по одличното нафрлување на Фуш и го матираше голманот на Саутемптон.


Morgan | Leicester 1-0 Southampton by cristian_lupu

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top