Премиерот на Србија Александар Вучиќ денеска ќе престојува во Косово, а за неговата безбедност ќе се грижи косовската полиција.
Полицискиот портпарол Бали Келани изјави дека безбедносните органи на Косово имаат одговорност да обезбедат придружба на секој висок фукционер, кој го посетува Косово. Секоја делегација која доаѓа и има дозвола од властите на Република Косово, полицијата во зависност од нивото на делегацијата и проценките за опасност, обезбедува полициска придружба, изјави Келани,пренесува „Зери.инфо“.
Вучиќ ќе посети повеќе населени места во северниот дел на Косово, населени со мнозинско српско население. Според Марко Ѓуриќ, директор на Канцеларијата за Космет и Метохија при српската влада, Вучиќ ќе се обрати на собир во Зубин Поток. Пред доаѓањето на Вучиќ во северниот дел се поставени билборди и постери каде му се посакува добредојде. За косовскиот премиер Иса Мустафа посетата на Вучиќ не претставува никаков проблем. Министертвото за надворешни работи даде дозвола Вучиќ да дојде во Косово и тоа за мене не претставува никаков проблем, изјави Мустафа, јави телевизијата Клан Косова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации