Белоруската тенисерка Викторија Азаренка ја освои титулата на турнирот и во Мајами, со победата над Русинката Светлана Кузњецова во два сета.
Азаренка до победата дојде со 6-3,6-2, по еден час и 18 минути игра, со што стана само трета тенисерка во историјата која ги врза титулите во Индијана Велс и во Мајами. Пред неа тоа им успеало само на Штефи Граф во 1994 и во 1996 година, и на Ким Клајстерс во 2005 година.
За Азаренка ова е трета титула сезонава, по Бризбејн и Индијан Велс, а 20-та во кариерата. Од почетокот на оваа сезона, Азаренка запиша само еден пораз, и тоа во четвртфиналето на Австралија Опен од Германката Анџелика Кербер, која и ја освои титулата на првиот Гренслем сезонава.
Турнирот во Мајами се играше за награден фонд од 6,844 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.