| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид по три години славеше на „Камп Ноу“ човек на одлука беше Кристијано Роналдо (видео)

Екипата на Реал Мадрид конечно по цели три години успеа да слави во едно „Ел Класико“ одиграно на „Камп Ноу“ во Барселона.
Во емотивната вечер во Барселона поради простувањето на навивачите на Каталонците од Јохан Кројф, избраниците на Луис Енрике иако го контролираа мечот мораа да им пружат рака на „кралевите“ и да им честитаат победа од 2-1 во 172. „Ел класико“.

Двете екипи создадоа неколку изгледни шанси за гол во првото полувреме, но мрежите на Браво и Навас мируваа.

„Кралевите“ со пресврт стигнаа до триумфот од 1-2 во драматични 30 минути, во кои Барселона дојде до предност со голот на Пике во 56. минута.


Gerard Pique Goal HD Barcelona 1-0 Real Madrid… by GoalsLive

Водството на Барса не траеше долго откако Карим Бензема со ножички успеа да зафати една топка која претходно ја нафрли Тони Крос и да ја смести во мрежата за израмнување на 1-1.

Во 83. минута Реал Мадрид остана и без Рамос по вториот жолт картон кој го доби, но тоа не беше пречка Реал да не дојде до триумфот. Кристијано Роналдо во 85. минута погоди за победа од 1-2 и одмазда за претходниот пораз во Мадрид.

Претходно во поладневниот термин од 16 часот, Атлетико Мадрид го торпедираше Бетис со 5-1. На врвот на табелата во Примера дивизија Барселона води со шест бодови предност во однос на Атлетико и седум од Реал Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top