| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул му направи услуга на Лестер одигрувајќи со Тотенхем само 1-1 (видео)

Тотенхем стигна само до бод на гостувањето против Ливерпул на „Енфилд роуд“, играјќи 1-1, сето тоа во корист на Лестер, кој е со можност да ја зголеми предноста на табелата по утрешниот свој натпревар против Саутемптон.

Во 32. коло од Премиер лигата, „црвените“ со голот на Кутињо во 51. минута први дојдоа до предност, но Тотенхем израмни преку Хари Кејн во 63. минута.


Liverpool vs Tottenham Hotspur 1-1 All Goals… by mustafa-calayan

Тотенхем сега има 62 бода, четири помалку од водечкиот Лестер кој утре пред своите навивачи ќе се обиде да стигне до победа и да ја зголеми предноста над тимот од Линдон. Ливерпул, пак, се врати на деветата позиција на табелата со 45 бода, но од одиграни 30 натпревари.

На останатите денешни натпревари Арсенал и Манчестер Сити славеа убедливи победи над Ватфорд односно против Бурнемаут од 4-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top