| четврток, 6 декември 2018 |

Стотина уапсени во центарот на Брисел и во квартот Моленбек

molenbeek-policeПолицијата на Брисел уапси околу 100 лица, кои се обидуваа да одржат забранети демонстрации во центарот на градот и во населбата Моленбек, која е населена претежно од жители со имигрантско потекло.

Според податоците на полицијата, околу 400 лица се собрале во Моленбек, а над 100 од нив се обиделе да организираат поворка со антиисламски слогани до централниот плоштад, каде по нападите од 22 март локалните жители создадоа меморијал во спомен на жртвите од нападите.

Во центарот на Брисел, пак, беше направен обид за протест на антифашисти.

“Околу 100 лица се уапсени денеска во Моленбек и во центарот на Брисел”, соопшти полицијата.

Ситуацијата во Брисел постепено се нормализира. Полицијата сепак продолжува со засилени патроли во Моленбек и околу централниот плоштад. Редот во главниот град го следат и полициски хеликоптери.

Претходно властите на Брисел објавија дека забрануваат секакви масовни манифестации денеска, откако претставници на националистички организации од цела Европа планираа масовен протестен марш против миграцијата и тероризмот во Моленбек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top