| четврток, 6 декември 2018 |

Некој нов Вардар, шампионска игра во првото полувреме против Ларвик

ZRK Vardar Larvik (23) (Custom)

Во првиот натпревар од четврфиналето од Лигата на шампионите против Ларвик, екипата на ЖРК Вардар во првото полувреме дефинитивно ги игра најдобрите 30 минути оваа сезона.
Избраничките на Индира Кастратовиќ како да играат во транс и сакаат да покажат дека се екипа која оваа година ќе цели кој врвот на Европа.
Во натпреварот во СЦ „Јане Садански“ бодрени од неколкуилјадната публика на полувреме имаат солидна предност од седум разлика (16-9)

ZRK Vardar Larvik (38) (Custom)

Вардарки мечот го почнаа фуриозно и за само 15 минути игра имаа предност од 10 голови разлика (11-1)!
Во тој период тренерот на Ларвик побара дури два тајм-аути но сепак предводени од феномелната на голот Амандин Лејно, вардарки продолжија со исто темпо и немилосрдно ја полнеа мрежата на противникот.
Во вториот дел од првото полувреме дојде до опуштање и Ларвик успеа да ја намали разликата, а тренерскиот двоец Кастратовиќ – Камара ја испретури поставата и им даде шанса на повеќето ракометарки.

ZRK Vardar Larvik (17) (Custom)

На голот блеска Французинката Лејно со девет одбрани, а во нападот Јованка Радичевиќ, Барбара Лазовиќ, Сираба Дембеле и Андреа Лекиќ постигнаа по три гола. Кај гостинките Нора Морк постигна само три гола од кои два од пенал.

Во второто полувреме се очекува Вардар да продолжи со својата игра и да не им дозволи на противничките да реализираат брзи контра напади и да ја намалат предност пред реваншот во Норвешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top