Челси по пауза од две кола им се врати на победите и тоа на гостински терен против последнопласираната екипа во Премиер лигата, Астон Вила (0-4)
„Сините“ од Лондон со четири гола ги разрешија дилемите околку победникот. За одбележување е настапот на Алехандре Пато кој го имаше својот деби настап откако во првото полувреме се повреди Лоик Реми и беше заменет токму од Бразилецот во 23.минута. Токму Пато од пенал во финишот од првото полувреме беше стрелец на својот дебитанстки гол за Челси.
Претходно Лофтус-Чек го постигна водечкиот гол во 28.минута, а во второто полувреме Педро со двата гола во 46 и 59 минута ја најави убедливата победа на избраниците на Гус Хидинк.
All Goals HD – Aston Villa 0-4 Chelsea- 01.04… by soccerhub365
По овие три бода, Челси сега има 44 бода, израмнувајќи се деветтата позиција со Ливерпул, кој има и два натпревари помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)