Бразилецот со шпански пасош Диего Коста во летниот преоден рок ќе го напушти „Стемфорд бриџ“. Тој не игра на очекуваното ниво оваа сезона во тимот на Челси, а најавено е дека новиот тренер на „сините“, Италијанецот Антонио Конте, има други планови за навалната линија. Токму затоа Диего Коста му е понуден на Пари Сен Жермен, објави „Франс Фудбал“.
Раководството на „светците“ се уште размислува дали токму Диего Коста треба да биде наследникот на Златан Ибрахимовиќ, но има одлични релации со неговиот агент Жорге Мендеш и овој трансфер може многу лесно да биде реализиран. Претходно, тој го оствари и трансферот на Анхел Ди Марија од Манчестер јунајтед во ПСЖ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.