Читател до редакцијата на Нетпрес испрати фотографии и видео снимка, на кои, според неговите информации се гледа како автомобилот марка „ауди“ со кој лидерот на СДСМ, Зоран Заев се превезува многу често во доцните ноќни часови стои паркиран зад зградата во која живее екс директорот на УБК, Зоран Верушевски.
Имено, вчера медиумите објавија информација дека изминативе неколку денови имало блиска средба и меѓу Заев и Бекир Асани, на која се разговарало за објавување на нови снимки поврзани со функционери на ДУИ, објави „Нетпрес“.
Порталите пишуваа дека Асани на средбата дошол со уште двајца придружници во чие присуство му ги изнел на Зоран Заев аргументите зошто повеќе не смее да излезат снимки од функционери на ДУИ во јавноста.
На Заев му било посочено дека ќе се соочи со сериозни последици доколку и понатаму продолжат да се објавуваат незаконски прислушуваните материјали со кои што располагаше тој, но и лица блиски до СДСМ.
По непријатната посета која што ја имал Зоран Заев, сопартијците коментирале дека изгледал отсутно и збунето на состаноците. Повикал да се засили обезбедувањето и почнал да ги бара сите кои биле во контакт со незаконски прислушуваните материјали.
Доколку информациите на читателот се точни, останува прашањето дали средбата со Асани е причина за зачестените полноќни средби меѓу Заев и Верушевски.
Она што исто така останува нејасно е каде отидоа речиси половина милион фајлови со прислушкувани разговори, со оглед на контрадикторноста во изјавите на Заев и Специјалното јавно обвинителство.
Имено, Зоран Заев изјави дека во Специјалното јавно обвинителство предал над милион разговори, за потоа СЈО да излезе со информација дека поседуваат околу 600.000.
Се поочигледно е дека во СДСМ владее паника и хаос.
Во недостиг на програма, идеи и проекти, Заев и неговите најблиски соработници повторно подготвуваат кампања базирана на објавување „бомби“, што е уште еден показател за непоузданата желба на СДСМ и нивниот лидер да дојдат на власт по секоја цена по пат на уцени и насилни сценарија, а не преку фер и демократски избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)