Најдобриот светски тенисер Србинот Новак Ѓоковиќ продолжува со импресивните партии и оваа сезона. По само две недели откако успеа да го освои мастерсот во Индијан велс, Ноле ќе игра повторно во едно финале на турнир од мастерс серијата.
Во полуфиналето во Мајами Ѓоковиќ со 2-0 (7-5, 6-4) во сетови славеше над Бегиецот Давид Гофан и се пласираше во финалето.
лучен се чини беше деветтиот поен од тајбрејкот во првиот сет, кога при резултат 4-4 Гофан имаше навидум лесен поен, но Ѓоковиќ се спаси и поведе со 5-4, потоа добивајќи го тајбрејкот со 7-5. Свесен дека пропушти златна шанса, Белгиецот малку падна на психолошки план, a српскиот тенисер го искористи тоа, добивајќи го вториот сет со 6-4 за нов максимален триумф.
Од претходните шест финалиња во Мајами, Србинот триумфираше на пет, во 2007, 2011, 20012, 2014 и во 2015 година, а единствениот пораз го претрпе од Енди Мареј во 2013 година.
Во второто полуфинале Кеи Нишикори истотака славеше со 2-0 (6-3, 7-5) во сетови над Австралиецот Ник Киргиос. Јапонецот немаше големи проблеми во натпреварот против една од најголемите сензации на овој турнир.
Утрешното финале е закажано од 16 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.