| четврток, 6 декември 2018 |

И тоа се случи, шампионот Голден Стејт загуби на домашен терен по пауза од 14 месеци

stef kari

По цели 14 месеци актуелниот шампион на НБА лигата екипата на Голден Стејт по пауза од цели 14 месеци загуби на домашен терен. Неверојатниот успех на Кари и другарите го прекина Бостон кој успеа да слави ноќеска во „Оракл арена“ со 109-106.
Најдобриот кошаркар во лигата Стеф Кари промаши тројка на 5,3 секунди до крајот во обид да го израмни резултатот. Најдобри во редовите на гостите беа Томас со 22 поени и Тарнер со 21 поен, а кај домашните по правило се истакна Кари со 29 поени, пет скока и шест асистенции. Но тоа не беше доволно за убиствената низа на Воините.

Голден стејт сега има скор од 68-8 и мора да победата во пет од следните шест меча од регуларниот дел од сезоната за да го престигнат славниот рекорд на Чикаго од сезоната 1995/96 од 72 победи и само десет порази.

И покрај водството од дури 21 поен разлика, Кливленд мораше да игра продолжение против Атланта и сепак да го добие мечот со 110-108. Најдобар кај Кливленд беше Леброн Џејмс кој за малку остана без „трипл-дабл“. За 44 минути на паркетот постигна 29 поени, имаше 16 скока и и реализираше девет асистенции.

„Кралот“ Џејмс на со новите поени успеа да се искачи на 11.место на вечната листа на стрелци во НБА лигата и да го мине Оскар Робертсон. Сега пред него е Хаким Олајџувон кој има повеќе од 200 поени предност.

– Сакам вакви натпревари, потребни ни се. Покажавме подготвеност да примиме удар, а потоа повторно успешно да се вратиме – рече Леброн по мечот.

НБА резултати:

Шарлот – Филаделфија 100-91
Детроит – Далас 89-98
Њујорк – Бруклин 105-91
Атланта – Кливленд 108-110 (пр.)
Мемфис – Торонто 95-99
Милвоки – Орландо 113-110
Јута – Минесота 98-85
Сакраменто – Мејами 106-112
Голден стејт – Бостон 106-109
Феникс – Вашингтон 99-106

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top