Познатата боливудска актерка, Пратиуша Банерџи, кај нас позната по улогата на Ананди во индиската тв серија „Малечката невеста“ пронајдена е мртва во нејзиниот стан. 24-годишната актерка била пронајдена обесена, а според полицијата се работи за самоубиство. До неа не било најдено проштално писмо.
Нејзината смрт беше потврдена од страна на лекарите во болницата во Мумбај каде што беше однесена откако беше пронајдена во станот. Се уште не се познати причините за нејзиното самоубиство, но инфомациите кои кружат по индиските медиуми се дека таа во последно време имала проблеми во врската со нејзиното момче Рахул Раџ Син поради што патела од депресија.
Голем број нејзини колеги изразија неверување и тага за нејзината смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Невеста место завети, на глас ги прочита пораките од зетот за љубовницата
-
Се огласи невестата-бегалка: Свекорот пијан ми рече да си одам, трудна завршив во Брза помош
-
Не зборувајте со невестата, носете само коњски реп: Гостите добиле листа со 10 правила за присуство на оваа свадба (ФОТО)
-
Европска шампионка во кик-бокс пронајдена мртва