| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарија ги потпали Србите, ги повикува за 11.000 евра месечно да произведуваат Милка телиња

Според директорот на Швајцарскиот центар за генетика, Роман Шулц, засега на огласот се јавиле многу генетичари и молекуларни биолози со српско потекло од целиот свет, но предност ќе имаат оние кои живеат во Србија

Ако сонувате за работа по струка или за каква било работа или за добра палта во нормални услови, пакувајте куферите и фаќајте авионот за Швајцарија. Таа ве чека со отворени раце.

Прилично сензационалистичка најава, но таа е само дел од кампањата на Швајцарскиот институт за генетика Игенеа, кој се обидува преку оваа реклама да привлече Срби, на кои би им плаќал и по неверојатни 11.000 евра месечно за да произведуваат виолетови телиња.

Svajcarska-evri-620x350

Во Србија веќе некое време се зборува дека се раѓале телиња со виолетови влакна, па швајцарските генетичари одлучиле да ги повикаат токму Србите и да проверат дали Милка телиња можат да се произведат.

Конкурсот е објавен на страницата на швајцарската амбасада во Србија, а на него се јавиле бројни генетичари со српско потекло од светот, но Швајцарија ќе им даде предност на оние кои живеат во матичната земја.

– Доколку успееме да направиме виолетово теле, тоа би било толку значајно што уште не сме ги разгледале сите примени на тоа откритие, вели Шулц.

А доколу не ви се верува што читате, половина сте во право – навистина се раѓаат телиња со виолетови влакна, но Швајцарија уво не ја боли за тоа, а српски Телеграф најде начин како да заработи кликови на првиот ден во април 🙂

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top