Од катастрофата во Чернобил поминаа 30 години, но последиците се чувствуваат и денес. Топењето на јадрото на реакторот на северот на Украина во атмосферата исфрли големо количество радиоактивни честички, од кои голем дел завршија над безмалку цела Европа. подрачјето околу Чернобил е тешко затруено, а соседна Белорусија заработи дури 70% од тоа загадување.
Во својата фотосесија „Невидливите луѓе на Белорусија“ фотографката Јадвига Бронте го истражува учинокот на оваа несреќа на жителите на таа држава, поточно на оние кои живеат во државни интернати, кои всушност се на некој начин дел лудници, а дел сиропиталишта и болници за умирање.
Јадвига е родена во Полска, која исто така беше зафатена со радиоактивниот облак. Откако дознала дека во споменатите интернати не живеат само жртви од чернобилската катастрофа, туку дека властите таму ги фрлаат сите кои ќе им се видат инакви, знаела дека мора да делува и на светот да му го покаже ужасот низ кој минуваат тие луѓе далеку од очите на јавноста. За жал, овие луѓе не завршуваат во интернатите зашто власта е зла, туку поради нетолеранцијата на општеството кон луѓето со ментални пореметувања. Тешко им е да најдат работа, нормален живот и наместо на секој да му даде државата стан и нега, најлесно е да ги натрупа во еден дом.
Фотографирањето ментално болни луѓе или луѓе кои на некој начин се инакви, секогаш било осетлива тема и фотографите често се критикувани што воопшто прават такви фотографии, но за Јадвига било битно со кадрите да оди и контекстот во кој настанала фотографијата, зошто, кога и со која цел. Настојувала да прикаже дека луѓето од овие интернати се феноменални луѓе, преубави и силни, способни за учење, работа, љубов и дека можат да придонесат за општеството. Таа се обидува преку фотографиите да прикаже позитивни емоции на нивните лица, а не само тага. Важно е јавноста да знае дека постојат и дека не би смеело вака да бидат третирани. Тие се, сепак, луѓе.
Многу граѓани на Белорусија воопшто немаат поим дека постојат тие интернати и што се случува во нив, луѓето со ментални пореметувања во таа земја се табу. Родителите често се решаваат да ѝ ги дадат на државата веднаш по раѓањето, и тоа станува збор за буквално напуштање, а не „за да им биде подобро таму“. Семејствата кои нема да го сторат тоа, често мораат да се соочат со одбивноста на заедницата.
Ниту остатокот од Европа не е нешто многу запознаен дека псотојат вакви домови во кои на најужасни начини се кршат човековите права, со лоша грижа, никаква хигиена, со изгладување – со еден збор проблеми какви што може да створи само сиромаштијата во необразована средина.
Оваа стара фотографија од непозната жена многу добро ги доловува сета тага и ужасот на тој затвор за ментално болни. Жената е мајка на згрижено лице – редок примерок, зашто повеќето од нив немаат ништо од родителите, зашто се откажуваат од нив на раѓањето.
Советскиот менталитет таму се уште живее, што зборува за многуте години поминати откако постојат тие интернати. Овие невидливи луѓе ќе останат невидливи засекогаш и никој нема да се сеќава на нив ниту на местата каде што живееле ако јавноста не преземе нешто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.