| четврток, 6 декември 2018 |

Несторовски: Време е да врземе две победи по ред

ilija nestorovski

Најдобриот македонски стрелец низ актуелните квалификации за пласман на СП 2018, Илија Несторовски верува дека Македонија може да дојде до нова победа за време на мартовскиот собир.

Желбата на Несторовски, по онаа претходна победа над Лихтенштајн од 0-3 во која учествуваше со два гола, е македонската сениорска репрезентација на утрешниот пријателски дуел со Белорусија во Скопје, конечно по подолго време да дојде до две едноподруго победи…

– Максимално сме фокусирани за овој пријателски меч и сакаме по подолго време да нанижеме две победи во серија. Ние Македонците знаеме да се опуштиме понекогаш по триумф, но сега не е таков случај. Фокусирани сме и ќе дадеме максимум за уште еден триумф. Оваа победа, без разлика што се работи за пријателски натпревар, ќе биде од огромно значење за нас – вели Несторовски.

Натпреварот меѓу Македонија и Белорусија се игра утре од 18 часот на „Телеком арената“ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top