| четврток, 6 декември 2018 |

Љубов на српски начин: Полицијата привела швалерка која ја измачувала сопругата на љубовникот

Полицијата во Пожаревац поднела кривична пријава против чистачката Бојана С. (40), зашто повеќе од 300 пати ѝ се јавувала и ја навредувала сопругата на љубовникот.

33a1bc02888212c02bcf70420ca11f51

Осомничената, која се товари за делото злоупотреба и мачење, била во врска со женет човек од соседното село каде што живее. За да ѝ напакости на неговата сопруга и за да ја нервира, ѝ се јавувала на фиксен телефон. Само оваа година ѝ се јавила преку 300 пати, ја навредувала и ѝ се заканувала.

Иако на сопругата ѝ дошло преку глава, поради срам не пријавила во полиција, но кога дознал синот за психичката тортура низ која минува неговата мајка, ги презел работите во свои раце.

Полицијата го испитала случајот и ги потврдила тврдењата на синот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top