| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите на Лестер ќе бидат почестени на следниот натпревар на нивните миленици на домашен терен

lester navivaci

Управата на Лестер покажа дека се грижи за своите навивачи и на наредниот меч против Саутемптон кој се игра викендов им приреди мало изненадување.

„Лисиците“ играат фантастична сезона и се се поблиску до историската титула во Премиерлигата, а управата покажа дека се грижи за своите фанови откако на социјалната мрежа „Твитер“ соопшти дека секој кој ќе биде на стадионот на натпреварот против Саутемптон ќе добие бесплатно пиво и крофни.

Лестер има пет бода повеќе од второпласираниот Тотнем на седум кола пред крајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top