Италијанскиот првак Јувентус размислува за реновирање на дефанзивниот дел од тимот во летниот преоден рок. Поточно, тренерот Масимилијано Алегри посакува да ја засили конкуренцијата, со оглед дека дел од одбранбените фудбалери често се повредуваа оваа сезона.
Раководството на „старата дама“ сериозно ја разгледува опцијата да го ангажира Томас Вермален, дефанзивецот на Барселона, кој, сепак, нема доволна минутажа во каталонскиот клуб. Тој долг период беше повреден, но и откако се врати на терените, најчесто е на клупата за резерви или на трибините.
Алегри смета дека Вермален би бил одлично решение за Јувентус, иако постои можност и за ангажман на Мехди Бенатиа од Баерн Минхен, како дел од можниот трансфер на Алваро Мората.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.