| четврток, 6 декември 2018 |

Азаренка и Кузњецова ќе се борат за титулата во Мајами

Руската тенисерка Светлана Кузњецова продолжи со одлични игри на Мастерс – турнирот во Мајами. Таа се пласира во финалето откако во полуфиналната пресметка ја совлада Тимеа Башчински од Швајцарија со 2-0 во сетови.

Првиот беше рамноправен во првите десет гема, меѓутоа Башчински потклекна пред самиот крај и го загуби својот сервис губејќи го со 7-5.

Во вториот сет имаше многу повеќе брејкови на двете страни, но, сепак, Кузњецова направи еден повеќе (3) и стигна до триумф од 6-3, што беше и билет за пласман во големото финале.

Во финалето Русинката ќе игра против Викторија Азаренка која во второто полуфинале славеше лесна победа од 2-0 (6-2, 7-5) над Германката Анжелик Кербер.
Азаренка без никакви проблеми го реши првиот сет одзимајќи два сервис-гема на противничката, а во вториот сет направи брејк во клучниот гем за мечот и заслужено се најде во финалето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top